(ВИДЕО) Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и ПЕИ

0
967

„Поддршката за демократска Македонија расте. Денеска потпишавме со ПЕИ, со господинот Фијат Цановски, со којшто во минатото СДСМ имал соработка. Оваа платформа за демократска Македонија не обединува сите. Јас се надевам дека ќе продолжи да расте.

– Ја користам приликата заедно да повикаме да ни се приклучат сите слободоумни граѓани, сите демократи во ова наше општество, на принципиелен основ, на основа на начелата на коишто полага оваа платформа за демократска Македонија, заради тоа што повеќе не се работи за лични интереси, не се работи за партии и поединци, се работи за Македонија и нејзината иднина“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.

„Принципите ќе ги спомнам уште еднаш. Регуларни, фер и демократски избори, враќање на правдата и правичноста во Република Македонија, реофрми во медиумите, деполитизација и демократизација на институциите и застанување зад сите универзални и европски вредности коишто ги заслужуваат сите граѓани во Република Македонија, поеднакво да ги конзумираат.

Јас се надевам дека така здружени и сплотени, без какви било предрасуди сите заедно ќе застанеме зад Платформата. Она што го очекувам во наредните денови е да продолжи потпишувањето со политичките субјекти . Испративме порака до граѓанските здруженија, до асоцијациите, до интелектуалците и до сите индивидуи во Република Македонија.

Очеквувам дека сите ќе застанат зад една ваква принципиелна платформа како би можеле сите да и помогнеме на Република Македонија.

Сакам денеска да информирам исто така дека до ПЕИ испративме и порака, но и покана за коалициско здружување .

Знаеме дека на 5-ти Јуни ќе нема избори, но избори ќе има затоа што само преку слободни избори можеме да ја вратиме слободата.

Platforma-za-demokratska-Makedonija1

Од тој аспект, пополека нашите работни групи ќе ги составуваат споредбите на нашите политички програми, како би биле подготвени за заедничко делување, тогаш кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори.

Уште еднаш, тоа значи прочистен избирачки список, регулација на медиумите и разграничување на партијата од државата“, изјави Заев.