(ВИДЕО) Заев: Се надевам до недела ќе ја составиме владата, и дека ќе биде изгласана на почетокот на следната недела

0
1435

Среќен сум што денеска успеавме сите меѓу себе да поразговараме и да заклучиме дека сите стоиме на линијата на потребата на сите наши граѓани за унапредување на соработката. Констатиравме овде во присуство на Могерини дека и ЕУ ќе не почитува повеќе ако ние во регионот соработуваме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на неформалната вечера на лидерите на шесте земји од Западен Балкан заедно со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

-Зборувавме за сите детали, зборувавме за регионалните проекти, за поддршката за инфраструктурните проекти што се во фаза на изградба и во фаза на аплицирање. Зборувавме за отворени билатерални прашања во регионот кои се пречка за идното напредување на земјите кон Европската Унија. Ваквите пракси таа ги најави како една редовна потреба, на состаноци на премиерите од Западен Балкан со високите претставници на ЕУ. Отворањето на поглавјата 23 и 24 ќе бидат од огромна помош во реформите во правосудство и безбедноста во Македонија. Јас посакувам во 2018 година да се отвори датум за отпочнување на преговори за пристапување – изјави Заев.

На прашањето до каде се преговорите за формирање на новата влада и дали Беса ќе биде дел од власта, Заев рече дека со другите партии е многу поблиску и до распределбата на ресорите и до одлучувањето за кадрите.

– Со партијата Беса се уште не сме стигнале да разговараме за кадрите, се уште разговараме за ресорите, вкупниот број, пропорциите и одговорноста. Верувам дека многу брзо ќе дојдеме да разговараме и за имиња. Сите лидери заклучивме дека ќе се обидеме до крајот на неделата да го доставиме предлогот за влада во Собранието. Луѓето очекуваат резултати, очекуваат подобрувања, започнување на реформите. Согласно Деловникот, дебатата во Собранието трае 48 часа тоа значи дека на почетокот на следната седница би требало да има нова влада – додаде Заев.

Извор : Мета