(ВИДЕО) Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори случај јас сум таргет на Основното јавно обвинителство

0
1146

Се појавивме во Основното јавно обвинителство за да ја докажеме нашата невиност. Финансиите за изборите се јавно објавени и можеме да служиме за пример како една политичка партија треба да раководи со финансиите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по распитот во обвинителството на Марко Зврлевски.

Тој кажа дека секогаш кога СЈО ќе отвори некаков влучај против функционери од актуелната власт, тој е таргет на ОЈО. Не сакаше да даде конкретни информации за што се разговарало бидејќи како што рече се работи за предистражна постапка.

Извор: А1он.мк