(ВИДЕО) ЗАЕВ: Речникот со кој се користи Христијан Мицковски е забеган, ги премина сите граници, ќе се консултирам со моите адвокати дали да го тужам!

0
1039

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната изјава по приведувањето на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски.

„Јас сум од крв и месо, транспарентен човек и нормален. Само ќе кажам – забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил пред притвор, со одземен пасош, сум објавувал политички бомби, па сепак сум внимавал што зборувам. Тој иницира обиди за убиство и зборува за некаква жестокост, не знам каква. Тоа зборува за него, но во најмала рака е забегано“, истакна премиерот во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.