(ВИДЕО) Заев: Промените ги градиме на здрави темели со граѓаните

0
1485

12075055_10153760021667932_3439070274015846151_n-640x320

Претседатателот на СДСМ, Зоран Заев, во саботата во Охрид на дебатата во рамки на проектот Визијата за Македонија порача дека промените мора да бидат изградени на здрави темели.

– Промените мора да бидат изградени на здрави темели. Дајте конечно да покажеме дека од оваа наша мајка Македонија може да имаме достоинствено место за живеење на сите нас. Да ни останат овде младите, да не ни заминуваат надвор, во јабана, во туѓина. Да ги вратиме, дај Боже и оние кои заминале, оти ви тврдам со целото мое искуство кое го имам и во општественото живеење и во политичкото живеење, и во деловниот сектор, и во земјоделието, и како граѓанин, и како упатен човек, можеме да се гордееме со нашата земја со сето она што го имаме како ресурси и како потенцијал. Можеме рамо до рамо да ја изградиме Македонија, гордост на сите нас – вели Заев.

Затоа, додава тој, треба посветено и внимателно да се посветиме овие месеци на градење платформа на којашто политичарите ќе дадат збор, ќе дадат ветување и  за да може да опстојат во идното реализирање на вистински програмски определби.

– Затоа настапивме со платформа, а не со програма. Платформа за да ја надополниме со сите граѓани ширум Македонија. Ќе држиме голем број трибини по државата, од коишто само 10-тина се во Скопје, а околу 20-тина се ширум Македонија. За да научиме повеќе, за да ни кажат луѓето суштествени потреби, за мерките да бидат вградени во еден документ којшто ќе биде преточен во Програма и наше ветување пред сите граѓани на Р.Македонија – рече Заев.