(ВИДЕО) Заев пред претседателската вила на Водно: Следува мирен и брз трансфер на власта во Македонија

0
1358

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пристигна во Вилата Водно каде лично ќе му ги предаде 67-те потписи на пратеници од македонското собрание. Пред средбата тој изјави дека овие потписи гарантираат можност за нова влада.

„Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Денека очекувам Иванов да го врати мандатот во најбрзо можно време за да може да почнеме преговори за создавање и формирање на нова Влада. Следува мирен и брз трансфер на власта во Македонија“, изјави Заев.