(ВИДЕО) ЗАЕВ ПРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП : Ги намалуваме казните за бизнисите од 5000 на 50 евра, ќе помогнеме да се едуцираат невработените за да можат да ги пополнат огласите за работа во фирмите!

0
1186

Претседателот на Владата Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, остварија средба со претставници на околу 120 компании од пелагонискиот регион.

На средбата беа презентирани економските политики на Владата за поддршка на развојот на компаниите во Северна Македонија, реализацијата на инфраструктурните проекти во Пелагонискиот регион, како и планирани реформи во образовниот систем и реформите во политиката за прекршоци.

Премиерот Заев истакна дека пелагонискиот регион е особено важен за економијата на Република Македонија со оглед на фактот дека компаниите од овој регион прават 12% од Бруто домашниот производ во земјата.

Премиерот даде осврт на дел од позначајните инфраструктурни проекти за подобро поврзување на пелагонискиот регион со остататокот од земјата, но и со соседна Грција, во насока на обезбедување на посигурен, поефикасен и побрз транспорт на производи и за повисока конкурентност на регионот.