(ВИДЕО) Заев: Правиме што треба до крајот на овој месец Македонија да ја добие новата реформска Влада

0
1470

Одговори на новинарски прашања
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 12.05.2017

Медиуми: Господине Заев дали ќе очекувате да ви се даде мандатот во рок од 10 дена и ако не ви се даде кои ќе бидат следните чекори? Дали очекувате посебна седница затоа што Талат Џафери прати до пратениците писмо за свикување на посебна седница за локалните избори?

Заев: Тоа се две различни работи. Прво, јас очекувам дека Ѓорги Иванов во рок од 10 дена ќе го даде мандатот. Можеби постои дилема кога се десетте дена од Служебн весник и слично, на крајот не е важно, не мора да се чека десет дена. Логично е некаде до средината на следната седмица да биде истекувањето на десетте дена,а пред тоа да биде даден мандатот. Јас се обидувам преку мојот кабинет и кабинетот на господинот Иванов час побрзо да го услогласам текстот на изјавата кој ќе има за цел да се даде мандатот. Нема да има за цел да предизвика антагонизам или нови причини и пречки да не се даде мандатот. Веднаш штом ќе биде усогласена меѓу нашите два кабинети, таа изјава за гаранција на унитарноста, територијалниот интегритет, уставноста, евро-интеграциите, Охридскиот договор, сето она што е важно, што во континуитет го кажуваме ние, политичките партии, а му е важно на Иванов, да му биде дадено како гаранција веднаш штом го усогласиме и веднаш ќе побарам јавна средба. Имам намера тоа, покрај кај господинот Иванов, да го објавам и до вас медиумите за ден поскоро да биде даден мандатот, бидејќи логично, ако не ни требаат 20 дена, ќе ни требаат неколку денови во текот на преговори, да ја формираме Влада, со конечна цел, до крајот на овој месец Македонија да има нова реформска Влада. За вториот дел од вашето прашање, логично е да се закаже седница на Парламентот, но претходно мора да се услогласат пратеничките групи, веројатно за двете потребни комисии. Тоа се Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем дури и за Закон по брза постапка што е едноставен, таму стои прва половина на мај, веројатно мај ќе треба да го промениме со октомври, ноември ако е есенва или ако е пролет тоа да биде со март, април мај. Тоа во Македонија досега се правело во договор со сите политички партии и ја јас очекувам, во најмала рака ако не ние лидерите на парламентарните партии, барем наши претставници да напправат средба во Парламентот, и како што е редот и праксата, да го договорат новиот термин за изборите, а меѓудругото да ги договорат и распоредот на Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем, како би можело брзо да се закаше седницата на Парламентот, за и де факто да се одложи одржаувањето на локалните избори, кои беа планирани за првата половина на мај.

Медиуми: А што во случај ако Иванов не ги прифати тие гаранции?

Заев: Господинот Иванов испрати недвосмислена изјава дека покрај десетте дена што сега му се обезбедни со доставување на писмото на претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери, дека ги очекува и гаранциите што Заев ги најавил во делот на унитарноста, на територијалниот интегритет, суверенитетот и дека намерата е да се даде мандатот. Јас навистина знаете дека од првиот момент зборувам дека не треба да разгледуваме Б, Ц, Д варијанти, дека треба да се држиме на А варијатната, а тоа е да не ја нарушуваме праксата во државата, претседателот на државата има убава церемонијална и формална улога на доделување на мандатот и тоа треба така да се случи. Јас, еве гледате, навистина правам се, разгледувам начини како да ги формулираме речениците кои ќе бидат соосдветни за госодинот Иванов, за да можат да бидат позитивно одлучувачки во неговата одлука за да се даде мандатот.

Медиуми: Господине Заев секогаш кога било тешко во Македонија, кога сме имале инциденти, секогаш сме имале впечаток дека извршителите сносиле некаква одговорност и до крај не сме биле сигурни дали се тие навистина извршители. Еве и со последниот случај со насилство во Собрание. Дали сметате дека во наредниот период пред лицето на правдата ќе бидат изведени и нарачателите на целото тоа сценарио кое се случи во Собранието кога Македонија беше на чекор да влезе во нова безбедносна криза?

Заев: Јас очекувам согласно законот, за секој што постојат докази да си понесе одговорност, како што и очекувам за оној за кој нема докази, да не одговара. Тоа е правда и правна држава која што треба да постои. Законот мора да еднакво за сите. Не само за физичките извршители на насилството, туку и за нарачателите, организаторите, мотиваторите и предводниците на целата оваа работа што се случи. Јас кажав зошто кај мене има присутни индиции за организирано сценарио. Ги кажав деталите. Немало да има Н од насилство ако некој не ги дигнал металните профили за да ги отвори вратите. Едноставно верувам дека дури и полицаец да немало надвор, вратите се непробојни Значи, јас верувам во таа работа, јас го видов тоа со мој очи и знам дека е така. Треба да одговара тој што го нарачал тоа, го осмислил, го организирал, го спровел, го мотивирал и го на крајот егзекутирал или физички го реализирал.

Медиуми: Господине Заев, како човек пред се, а не како политичар, дали лично некогаш ќе му простите на нарачателот, во случајов лидерот на ВМРО ДПМНЕ за сето тоа вие што го преживеавте, вашите колеги, нашите колеги, но и јавноста?

Заев: Законски можам само да сонувам да му простам на некого, тоа не е мое право. Секако тоа не е ни моја обврска. Законот мора да важи подеднакво за сите, но јас уште наредниот ден, простив. И ја испратив пораката на простување, заради тоа што сум одлучил да се занимавам со политика и да работам во интересот на граѓаните на Република Македонија, ако не простите, тогаш нема иднина, јас сакам да имам успешен период предводејќи ја новата Влада на Република Македонија, а заради тоа ни треба кооперативна, конструктивна и критична опозиција, силна опозиција, ако не простите, тогаш не можете да го очекувате тоа. Затоа и заради моите чувства, и заради мојата вера, а гледам и другите вери, тоа го предвидуваат, најголемото простување е простувањето на непријателот и треба да се прости тогаш кога е најтешко да се прости, јас простив, и фала богу немам трауми и мирно спијам, веројатно секој којшто може да прости, нека прости. А законот, законот мора да важи еднакво за сите и секој којшто се огрешил и го прекршил мора да одговара. Истовремено како што никој не треба да одговара ако нема докази за некое сторено дело, навистина треба да престане времето кога невини луѓе лежеа по затвори.

Медиуми: Г-дине Заев дали во овој момент може да се каже кога би се свикала седница на Собрание, дали да се измени Изборниот законик за да се избегне правниот вакум за функционирањето на локалната власт, затоа што буквално цела Македонија е засегната од овој правен вакум кој настапува на 15-ти мај?

Заев: Убаво ќе беше таа седница да се заврши до 15-ти мај, но логично не може да се заврши, заради процедурите којшто ги објаснив, треба да се соберат претставници на партиите, дали ние лидерите или наши претставници од раководствата, веројатно, да го договорат терминот, така е праксата. После тоа да се договорат комисиите, па самите комисии мораат да се изберат на пленарна седница да се даде пауза тие да работат и да дојде законот, логично е дека тоа ќе биде веднаш после доделувањето на мандатот од г-динот Иванов, да се закаже самата седница, не заради друго, туку заради логичниот тек и редослед на настаните којшто следуваат. Се решава секако, веројатно измената на членот, ако не се лажам, тоа е член 12, каде половина на мај, треба мај да се замени само со нареден месец којшто ќе се договори, наредната есен или наредната пролет, веројатно и во преодните одредби, да се даде лесно поврзување на истечениот мандат од мај, во преодните одредби на законот, зборувам, поврзување на истечениот мандат на мај на градоначалниците и советите до денот на самите избори. Постои оваа законска можност, ова не е нешто ново, правниците се постручни да кажат дефинитивно како тоа стои, но јас го кажувам, политичкото искуство како политичар кое што го имам, но треба да знаат граѓаните, може да се доцни не знам 2-3, 5 дена за плати во вакви околности на најоддолвлекување на сценариото, или 5 дена би останале без мандат можеби градоначалници и советници, но ништо тоа нема да биде од катастрофални последици доколку се случи. Јас жалам што после насилството еве до ден денеска одолвлекувањето на мандатот, неможноста да се свика веднаш Собранието, согласно роковите неопходни ќе дојде до тоа, но проблемот е решлив. Испраќам порака до граѓаните да знаат дека Парламентарното мнозинство има намера да го реши овој проблем, но сакаме да ги запазиме сите практични досегашни дејствија за утврдување на терминот за одржување на изборите и деловничките процедури за свикување на Парламентот.

Медиуми: Пред која обвинителка дадовте исказ денеска?

Заев: Не се сеќавам на нејзиното име. Госпоѓа беше не го знам нејзиното име.