(ВИДЕО) Заев: Парламентарното мнозинство има право и обрвска да ја преземе контролата врз Парламентот!

0
1134

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Скопје, 03.04.2017

Медиуми: Господине Заев, денеска продолжува седницата во Собранието. Што очекувате, имате ли некој план околу ова и околу посетата на Туск и средбата со Иванов, што очекувате?

Заев: Од вака висок претставник којшто е во посета на Македонија, и има закажан состанок со господинот Иванов, претседател на Република Македонија, очекувам прецизни укажувања од пријтелска Европа, токму во делот на излез, на решенија поврзани со политичката криза во Македонија. Секако ќе ги слушнеме изјавите на господинот Туск после посетата на господинот Иванов, верувам дека тоа ќе биде во ист дух и иста конотација на она што го слушаме од целиот демократски свет, сиве овие денови и месеци наназад, а тоа е мирен и брз трансфер на власта, предавање на власта, почитување на Уставот на Република Македонија, почитување на декларираното и оформено мнозинство. Согласно тоа, гледате дека позади нас е една цела седмица, кадешто со сите будалаштини, малцинството се изживува и врши терор врз декларирано и оформено мнозинство во Собранието на Република Македонија. И ај тоа што го прави, ова изживување и терор го прави и врз граѓаните преку камерите коишто очекуваат конечно демократските процеси да се придвижат. А тоа е да се избере претседател на Собранието, да се избере Влада и пополека да се движат процесите во интерес на сите граѓани на Р.Македонија. Може да остане мнозинството толерантно, може да биде таму присутно и да даде секакво право на дискусија. Дискусијата по Деловник постои, но таа мора да биде дефинирана онака како што е опишана во членот 90 од Деловникот, а тоа е говорникот да говори за точката на дневен ред и репликите да бидат согласно членот 89, значи нека има реплики, но репликите мора да бидат за да се отстрани некој неточен наод или да се даде на самиот наод забелешка во однос на тоа дека одреден пратеник не се согласува со само дадениот наод. Тоа е прецизно како бел ден. Оттука треба да знае малцинството,а пред се претседавачот на Собранието дека оформеното и декларирано парламентарно мнозинство има право и обврска да ја преземе контролата врз Парламентот преку бирање на претседател на Парламентот од своите редови и преку тоа да ја превземе одговорноста за водењето на Парламентот. Парламентарното мнозинство нема да дозволи ова да се развлекува до бескрај, ќе си ги исполни своите уставни права и обврски.

Медиуми: Какви мерки ќе се применат доколку ова продолжи во Собранието?

 

Заев: Постојат сите можни алтернативи коишто Уставот, законите и Деловникот го дозволува во делот на пленум мнозинството да носи одлуки и согласно уставните, законските, мислам пред `се на Законот за Собрание и Деловник на Собранието, мнозинството ќе го преземе под контрола водењето на седницата.

Медиуми: Како го коментирате Манифестот? Уште еден документ којшто ВМРО ДПМНЕ го извади како излез од политичката криза којашто е повеќе од две години. Колку ова може да помогне во расчистување на политичката криза?

Заев: Ова се само куп на изговори за да се развлекува процесот. Процесот мора да биде дозволен да се движи според описот во Уставот, по законите и по Деловникот во Собранието, а тоа значи да се заврши примопредавање на власта. Чекорите се јасни, се бира претседател на Собранието, Собранието закажува седница да бира Влада со декларирано мнозинство и понатаму се е дозволиво да биде предложено од било кој политички субјект па дури и од некој граѓанин на оваа наша земја. За `се може да се дебатира, но да се изнаоѓаат вакви банални причини со било какви претпоставени непостоечки закани врз нашата Македонија дека ние тоа сега треба нешто да штитиме, дека секој момент нас некој ќе не нападне или нешто ќе ни одземе, навистина овие лаги повеќе не поминуваат ниту кај нив самите. Конечно крајно време е да се придвижат процесите. Тоа го очекуваат граѓаните и првиот чекор е избор на претседател на Собранието на Р.Македонија.