(ВИДЕО) Заев: Парите мора да се вратат на граѓаните, СДСМ ќе предложи Македонија да биде една изборна единица

0
954

ДСМ ќе предложи промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица, изјави претседателот на партијата Зоран Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=qtQFBUoL-yg[/youtube]

На тој начин, според опозицијата, ќе се реши и прашањето со гласањето на дијаспората, односно иселениците ќе можат и понатаму да гласаат, со тоа што сега нивните гласови ќе се слеат заедно со гласовите на сите граѓани и секој глас ќе има еднаква вредност.

Македонија една изборна единица е барање на помалите партии, бидејќи тој модел ќе им овозможи поголеми шанси да добијат пратенички места, а оди на штета на поголемите партии.

Заев вели дека во СДСМ се свесни оти со овој начин на гласање ќе изгубат неколку пратеници, но во интерес на демократијата подготвени се за такво решение. Предлогот ќе биде ставен на маса на состанокот на работните групи.

Во продолжение, целосната изјава на Зоран Заев;

Дозволете да ве поздравиме сите, пред сé, граѓаните на Велес. Денеска сме во Велес, јас и дел од раководството на централата, заедно со општинското раководство.

 

Ова е дел од агендите коишто минатата недела ги започнавме во западниот дел на Македонија.

Целта е посета по цела наша земја во функција на периодот во којшто делуваме, заради сондирање на последните предлози, сугестии, критики и укажувања од граѓаните, за во еден севкупен амбиент да создадеме комплетна понуда на основа на платформата којашто Социјалдемократскот Сојуз ја има.

 

Програмата којашто Социјалдемократскиот Сојуз ја има изработено во целиот овој период, многу често зборувано за неа, е оформена на ниво на платформа целиот овој период. Некаде до крајот на октомври ќе имаме ваков вид на консултации со граѓаните по градовите и по населените места, но пред сé и над сé, да бидеме блиску со луѓето, да разговараме за актуелната состојба, да се охрабриме едни со други. Најважна е иднината на нашата Македонија.

 

Ваквите посети се од особено значење заради тоа што сите знаеме дека стравот кај граѓаните е присутен. Она коешто се случува долги години во Македонија, миграцијата, сиромаштијата, обесправеноста, опозицијата, меѓудругото, е должна да биде охрабрувачки фактор за сите во општеството. За да може да се воспостави еден баланс, сите убедени дека конечно оваа власт ќе замине, но пред сé и над сé, најважно е што после тоа ќе се случува со нашата Македонија.

 

Во тоа име апелираме на единство на граѓаните, без разлика на етничка, па дури и без разлика на политичка определба, се работи за иднината на сегашните и идните генерации. Се надеваме, во еден позитивен дух дека периодот којшто е пред нас, а завршува со 24-ти април со избори, пред сé, во форма на понуди, пред сé во форма на, блискост до граѓаните, ќе испорачаме една надеж, едно позитивно охрабрување кај граѓаните коешто ќе ги најави крупните реформи коишто ќе се случат во Македонија на 24-ти април.

 

Дозволете, вториот дел од изјавата да дадам информации за нашите согледувања, впечатоци, за многу важна тема којашто се случива деновите, а тоа е, имплементацијата на договореното до 2-ри јуни, заклучно со протоколот од 15-ти јули.  Заради информираност на граѓаните, да ги кажеме нашите ставови околу текот на разговорите.

 

Драго ми е што можам да соопштам дека сме многу блиску до решение за ревидирањето на избирачкиот список. Најверојатно ќе се договори решение коешто ќе значи целосна нова регистрација и создавање на нов изборачки список со биометрискиот отисок. Последното е сугерирано, но не значи дека и финално тоа ќе остане, да се пристапи во посета на домовите на сите граѓани во одреден период, а ќе останат уште некои два месеци за дополнително и оние граѓани коишто не се најдени дома, за да може да се регистрираат и да бидат сите опфатени во новиот избирачки список. Така создадениот нов избирачки список ќе биде јавно објавен, да можам и јас да видам во соседниот стан кои се тие 50 луѓе што живеат, за да има конечен коректив.

Ваквата нова регистрација треба да создаде нов избирачки список, кредибилен список на којшто целата јавност ќе му верува, како избирачки список. Пред наредни избори, на пример 2017-та година имаме локални избори, ќе му се направи upgrade или ќе се надогради дополнително, со тоа што, во него ќе се внесат сите што наполниле 18 години, некои што прошпуштиле да се регистрираат претходниот пат и слично. Така да, ќе имаме избирачки список во којшто повеќе недоверба нема да негува никој.

 

Во делот на изборното законодавство, имаме одредени напредувања во разговорите, приближени се и ставовите околу составот и надлежностите на ДИК.  Отприлика се разговара за паритетни решенија коишто на крајот комплетна надлежност на ДИК врз избирачкиот процес, конечност во одлучувањето и конечност во контролата, вклучително и избирачкиот список. Околу составот, во моментот се разгледуваат неколку варојанти. Она што последно е разговарано, да бидат тројца од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти, коишто секако без нивниот глас како експерти, независни од политичките партии, не може да има незаконско одлучување во делот на ДИК. Се разговара и во делот на жалбите и постапките коишто следуваат.

 

Има одредени несогласувања и далеку сме од приближувања на ставовите во делот на гласањето на дијаспората. Да бидеме на чисто, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се залага дијаспората да продолжи да гласа и да биде уште помотивирана да гласа. Со таквото гласање таа мора да има вистинско а не лажно влијание на тековите на состојбите во својата матична земја, нашата Македонија.

 

Но, нема да дозволиме повеќе со 440 гласа да се бираат пратеници кога прагот на изборот во Македонија е повеќе од 8 илјади гласови по избор на пратеник. Затоа, нашето решение е, кога ќе гласа дијаспората мора да има одреден цензус, којшто е 85% од просекот на гласови за еден пратеник во Македонија. Ако е тоа 8 илјади гласови тоа значи приближно 7.000 гласа или 6.500 гласа да има излезност, а тој што ќе добие најмногу гласови да биде избран. Власта не го прифаќа ова решение.

 

Согласно тоа паѓаат различни сугестии. Во тоа име сакам да кажам дека стигаат до нас, до работната група, до меѓународната заедница, укажувања од сите помали политички партии, од граѓанскиот сектор, а дел и од меѓународната заедница, сугестии да се промени моделот на изборни единици како важен моментум за гласањето во Република Македонија. Сугестијата е од сегашните 6, плус 7-ма, 8-ма и 9-та од дијаспората да поминеме на една изборна единица. Многу често големите политички партии се обвинуваат дека тоа за нив е неприфатливо затоа што тие губат на тој начин за сметка на помалите партии.

 

Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата, сите овие месеци наназад се бори за демократија, за слобода, за правда, за еднаквост, за подобрување на животот на сите граѓани. Во тоа име денеска сакам да соопштам дека не само што ќе ги поддржам ваквите предлози за една изборна единица туку ќе ги нотираме на работната група, да се разгледува предлогот Македонија да биде една изборна единица.

 

Точно е, СДСМ, со своите очекувања да биде прворангирана на изборите, може да изгуби два или три пратенички мандати, второрангираната да загуби еден или два пратенички мандати, третата и четвртата, но добиваат граѓаните и Македонија. Добива демократијата, добиваме демократски парламент од којшто зависи и демократското однесување на власта.

 

На Македонија не и треба нов диктатор како Груевски. Кој и да победи на наредните избори, има да зависи од помалите партии, директно од што повеќе граѓани и што повеќе политички субјекти. Затоа, во тоа име, без разлика што тоа носи одредена штета на СДСМ и опозицијата, во име на демократијата и демократизација на институциите даваме поддршка на моделот Македонија да биде една изборна единица.

 

На тој начин, сугерираме и решение помеѓу нас и власта во делот на гласањето на дијаспората. Така би се создале услови дијаспората да си гласа, секако, гласовите да се бројат дома. Ако нашиот сограѓанин е со матично живеалиште во Велес и гласа во Местра, во нашиот конзулат, таму ќе гласа а гласот ќе се брои за пратениците од Велес, односно за целата изборна единица. На тој начин директно ќе влијае врз состојбите во Република Македонија и секако, ваквото унисоно влијание од целиот свет што ќе дојде е во функција на демократизација на општеството и дијаспората ќе биде значаен чинител во секојдневието во својата матична земја.

 

Затоа мислам дека ако бидеме сите  подготвени, секако ние сме таму еден од четирите субјекти коишто преговараат, но се надевам дека во фунцкија на поголема демократија во Република Македонија, демократизација на институциите, тоа ќе го подржат и другите поголеми партии, коишто учествуваат на преговорите.