(ВИДЕО) Заев од Демир Хисар: Оваа четворка ќе биде победничка и историска!

0
1242

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера го претстави Планот за живот пред граѓаните на Демир Хисар.

„Сакам да знаете, со Планот за живот ги враќаме слободата, правдата, еднаквоста и демократијата. За овие четири работи се бориме и затоа четворката ќе биде историска и победничка за животот во Македонија!” рече претседателот Заев.

Претседателот Заев се обврза пред многубројните граѓани дека Планот за живот ќе ги задржи младите луѓе да живеат и работат во Македонија. Како што рече, државата ќе ги привлече да останат во државата по завршување на школувањето со тренинг, обука, вработување, со 10.000 евра за најдобрите бизнис идеи со обезбедени бесплатни сметководствени и консултантски услуги за новите бизниси во старт ап центрите.

„Иднината на Македонија е во младите луѓе, тие се моторот на идниот економски раст. За да ни останат младите дома сите заедно избираме живот во Македонија” го заврши своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.