(ВИДЕО) Заев од Берово: Доаѓањето на Меркел, Курц и Столтенберг е поддршка за Македонија

0
1506

Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово.

Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц.