(ВИДЕО) Заев: На добар пат сме, позитивни се сигналите од Иванов

0
1693

„Како што можеме досега да ги фатиме позитивните сигнали, верувам од наша страна како репрезенти на 67-те пратеници кој што побараа мандат, и од господинот Иванов преку неговите изјави, верувам дека сме на добар пат. Ние сме подготвени преку изјава, пишана, јавно, гласно да ги потврдиме уште еднаш пред господинот Иванов, нашите конечни дефинитивни и непоколебливи конфирмации или потврди за унапредување на унитарноста на Република Македонија, заштита на територијалниот итегритет, суверенитетот на Македонија, целосно почитување на Уставот и секако, отворање перспективи за нашата интеграција во НАТО и ЕУ, сето она што е важно за сите граѓани на нашата земја без разлика на нивната политичка, етничка, социјална припадност или слично’, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето дали очекува претседателот Иванов да му го додели мандатот.