(ВИДЕО) Заев: Народот е разбуден, како котел врие цела Македонија, го чека 11-ти декември за да си ги врати слободата и демократијата!

0
1561

„Народот е разбуден, како котел врие цела Македонија. Народот го чека 11-ти декември за да си ги врати слободата и демократијата, за да си го врати животот во Македонија. А Валандово вечерва е уште една потврда за тоа. Уште една потврда за голема победа“ рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Валандово.%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%be

На сите што се уште молчат тој им упати охрабрувачка порака да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот. Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО ДППМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на партијата.

Тој и од митингот во Валандово го повика Груевски да не се плаши и да излезе на дуел, очи в очи да разговараат за економијата, за младите, за вистината во Македонија.

Претседателот Заев ги повика валандовчани да не се плашат и со кренато чело на 11-ти декември да му кажат збогум на Груевски и сите заедно да си го вратиме животот затоа што тој е само еден-резервен немаме.

Заев пред валандoвчани вети дека Планот за живот ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија.