(ВИДЕО) Заев: Македонија мора да ја врати правната држава

0
1210

„Како што можете да видите, ние продолжуваме со барање на правдата и правичното судење, тоа што ни го дава законот како можност и Европската конвенција, членот 6.

Денеска, бевме на рочиште кое што е закажано пред месец и полoвина, токму на денешниот датум. Рочиштето за жал не се одржа, бевме известени од службите од судот дека нема да се одржи ваквото рочиште“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, кои што се резултат на незаконската и неуставната, аболиција од Ѓорге Иванов, кое што само по себе, претставува преседан, да се аболицира сведок, да се аболицира странски државјанин, и мал милион дурги глупости во самиот акт.

Правото на правично судење го продолжуваме преку апелација се до Стразбур, користејќи го членот 6 од Европската конвенција. Најверојатно ќе биде само по себе и преседан да има вакви процеси во Стразбур, некој да е аболициран и да бара тоа да се укине за да добие право на правично судење.

Не се откажуваме од правдата.

Македонија мора да ја врати правната држава“, изјави Заев.