(ВИДЕО) Заев: Каква федерализација, какви бакрачи, Груевски измислува!

0
1430

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Митинг, Аеродром, 22.11.2016

Наспроти нашиот остварлив План, од другата страна се лагите на Груевски. Овој реален План за живот во Македонија што ја има поддршката на граѓаните го плаши Никола Груевски и затоа тој измислува нереални приказни за непостоечки теми.

Груевски ја измисли федерализацијата. Цела кампања ја темели на фикс идеја за некаква федерализација зашто тој нема План, нема што да им понуди на граѓаните што ги ограби.zaevaerodrom3

Немојте да му верувајте на Никола Груевски кој 10 години ве лаже! Немојте никогаш повеќе да му верувате! Каков иден премиер, каква федерализација, какви бакрачи!
Груевски е единствениот во оваа држава кој мисли и зборува за федерализација, тој и никој друг!

Ви се обраќам јавно, и отворено и чесно, зборувам на сите и тврдам – да биде на чисто: Нема да дозволам никој да го смени Уставот на Република Македонија! Уставот наш ја гарантира мултијазичноста, е либерален и е проевропски Устав.

Федерализацијата е само во главата на квази националисти и патриоти, само во нивната глава.

Затоа, Македонија ќе биде едно општество за сите, држава за сите, дом за сите. Правично општество за сите. И ќе има правда за сите!