(ВИДЕО) Заев: И јас ќе потрошам милиони евра, но за нови работни места во Македонија

0
1204

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Македонска Каменица порача дека рударите ги добиваат назад своите права, ќе се отворат нови работни места со просечна плата од 30 илјади денари. Оваа власт заминува, доаѓа живот во Македонија.

„Груевски ги пакува куферите, заминува од власт, се враќа власта во народот“, рече претседателот Заев.

На рударите претседателот Заев им вети:

„Ќе го вратиме стариот закон за пензионирање на рударите, не може бенефициран стаж да има секој, а рударите да се мачат“.

Претседателот Заев зборуваше и за клучниот темел во Планот на СДСМ, младите.

„Останаа и овде во Македонска Каменица родители солзи да леат, по Скајп да ги гледаат своите деца. Ние се што имаме проектирано се однесува на нашата младина. Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра, но за нови работни места. Сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон отворање нови работни места. Просечната плата ќе биде 30 илјади денари, семејство со двајца вработени ќе има 60 илјади денари пари“, рече меѓудругото претседателот Заев на вечерашниот митинг во Македонска Каменица да изберат живот во Македонија.