(ВИДЕО) ЗАЕВ ИМ ГИ ЗАТНА МУЦКИТЕ НА ГРУЕВЦИ И КУРТОНИТЕ КОИ ЈАДАТ БОРАНИЈА ЗА ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА И ГО ОБЈАВИ ПРЕД ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ!!!

0
6631

Договорот претставува сериозен исчекор во перспективите за граѓаните и за РМ. Овој договор е во согласност со националните интереси на Р.Македонија и е голем чекор кој одговара на интересите на народите и на Р. Македонија и на Р. Бугарија, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на која беше објавен усогласениот текст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, што ќе биде потпишан на 1 август во Скопје.

Договорот ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик.

– Договорот е во согласност со националните интереси и е одраз на новиот дух на политичари, кои градат мостови, а не ги уриваат. Како премиер и Влада сме цврсто решени да водиме политики кои решаваат, а не создаваат прооблеми. Договорот го усогласивме затоа што имаме сосед со добра волја за да затвориме прашања кои ни го одземаа времето и енергијата, рече Заев.

Договорот во целост ќе биде објавен на веб страницата на Владата и секој ќе може да го прочита.

Договорот е основа за патната и гасна инфрастктура, за унаредување на размената на стоки, услуги и капитал и дава силен импулс за Коридорот 8, за царински и граични олеснувања и економска соработка меѓу биснизмените.

Заев потенцира дека со договорот, двете земји застануваат заеднички против говорот на омраза и провокации и се обврзуваат дека заедно ќе ја спречуваат евентуалната негативна кампања.

-Посебно за Р. Македонија е значајно дека Р. Бугарија два целосна поддршка за влез на земјава во НАТО и ЕУ без услови, истакна Заев.

Тој рече дека оваа влада преку овој договор само го финализира процесот од 2009  и очекува и опозицијата да учествува во заокружување на процесот и да даде поддршка на Договорот.

На новинарско прашање дали во Договорот се заштитуваат правата на македонското малцинство во Бугарија, Заев рече дека тој нема на противречи на ниту еден постоечки билатерален или мултилатерален договор на двете земји и е во согласност со меѓународните конвенции и почитувањето на правата и преземените обврски.

Во однос на тоа дали Договорот ќе спречи македонски државјани да земаат бугарски пасоши, појава која особено е масовна последниве години, Заев рече дека тој е во правец на конечната цел целосно да се запре миграцијата на македонски граѓани во Европа.

Извор : НоваТВ