(ВИДЕО) Заев: За 200.000 “фантоми” очекуваме да има теренска проверка

0
1483

Screenshot_29-685x320Јас сум денеска со велешани, ќе посетиме неколку маала во Велес. Бевме по пазарот овде, по централното градско јадро, да се видиме со граѓаните и да разговараме за актуелните проблеми. Секако ја користиме можноста да ја испорачаме и нашата програмска понуда со сите овие граѓани, рече Зоран Заев.

Дозволете да дадам коментар по актуелните случувања во Република Македонија. Во Македонија може да има само фер, регуларни и демократски избори. Тоа е возможно само со целосно прочистување на избирачкиот список и со реформите во медиумите коишто мора да се направат. Тоа е нешто коешто е дел од договорот од Пржино, тоа е дел од последната проценка од меѓународната заедница, но истовремено е обврска на Македонија по извештајот од Европската Унија.

Дозволете во тој дел да дадам неколку коментари во функција на тоа што е актуелно и се случува деновиве.

Да напоменам дека прв пат Министерството за внатрешни работи извади фантомски гласачи, ги сподели со граѓаните, со сите докази што ги поседуваше. После тоа Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот Титаник. Со отворањето на избирачкиот список граѓаните да видат и самите колку фантомски, фиктивни или таканаречени сомнителни гласачи имаме по избирачките места и по домовите на граѓаните.

Истовремено, оваа катарза и голема глупост што се направи со Уставниот суд само по себе е уште една потврда. Еве денеска и ДИК е исправен пред носење на одлука за делот на сето она што е констатирано како неконзинстетно, сомнителни или спорни гласачи.

Дозволете во тој дел само да потсетам. Сите политички партии донесоа Изборен законик којшто го гласавме заедно во парламентот. Методологијата беше подржана од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се откажа од своите сугестии по методологијата, што значи заедно ја усвоивме.

Сите преставници испративме и ИТ техничари да работат на прочистувањето на избирачкиот список, 4 од секоја партија и 1 од странство. Беа избрани 3 компании, 2 од Македонија и 1 од странство да го направат тоа што значи cross=matching или споредба на базите. И на крајот дадоа конзинстетни и единствени податоци. ДИК гласаше заедно со конзенсус за сите 31 прашања коишто граѓаните ги видоа. И досега целата оваа работа се одвива со конзенсус.

Сакам да потврдам пред сите граѓани и да биде на чисто. Прочистувањето на избирачкиот список е насушно право, врв на демократското право за фер, слободни и демократски избори.

Ако се обидуваат да го опструираат целиот овој процес на прочистување во кој следува теренската проверка, Социјалдемократскиот Сојуз нема да подржи процес на опструкции и избегнување на теренското прочистување на избирачкиот список. Сите знаат дека после споредба на базите следува теренско прочистување на избирачкиот список.

Еве ќе ја споделам информацијата заради тоа што преку нашите 2 преставници во ДИК ја имаме.

Од 495.000  сомнителни или спорни гласачи, 123.000 се без валиден документ и тие не се составен дел на 1.

811.000 гласачи коишто ги има во избрачкиот список. Значи 372.000 остануваат спорни и сомнителни.

Ако од нив ги извадите сите со ѕвездичка тоа се граѓаните наши коишто имаат право на глас и гласаат во странство, некаде околу 78.000. Реално, јас сум шеф на опозицијата и треба да знаат граѓаните , некаде повеќе од 200.000 мора да бидат теренски проверени, по цела Македонија за да се констатира тоа што го очекуваме.

Еден огромен дел од нив нема да се бришат, тие остануваат во вториот дел заради тоа што тоа се наши граѓани со право на глас, а живеат во странство.  Тие ќе бидат одделени во вториот дел од списокот.

Првиот дел е што треба да потврди фантоми. Само фантомските гласачи , тие коишто не постојат и се измислени, тие ќе се бришат од самиот избирачкиот список. Но, за овие преку 200.000 очекуваме да има теренска проверка.

Зборувам транспаретно и чесно заради тоа што процесот мора да биде усвоен со конзензус во Македонија за да може секој граѓанин да има верба во кредибилноста на изборите.

Покрај избирачкиот список, сите знаеме дека тука се и медиумите.

Но, она што сакам уште еднаш да го потврдам е дека преку 200.000 граѓани мора теренски да бидат проверени каде што ќе се оддели тој дел што се граѓани гласачи што живеат во странство и тој дел што се фиктивни гласачи, за на крајот да бидат избришани од избирачкиот список.

Без овој процес, нема фер и демократски избори.

Без регулација и реформи во медиумите, нема фер и демократски избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе победи на наредите избори.

Промените ќе се случат. Но тие мора да се случат на кредибилни , фер и демократски избори.