(ВИДЕО) Заев до францускиот премиер: За испорачаното очекуваме почеток на преговорите во октомври

0
777

Република Северна Македонија е целосно посветена на остварување на ЕУ агендата и во таа насока се остварени сите неопходни очекувања од земјата испорачани на минатогодишниот состанок на Европскиот Совет, рече премиерот Зоран Заев на средба со франсцускиот премиер Едуар Филип.

– Врз основа на остварените препораки од јуни минатата година, за остварување на зацртаните реформи во правосудството, борбата против организираниот криминал, реформата на безбедносните служби и во јавната администрација, дојде и препораката од Европската Комисија за безусловен старт на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија – потенцираше Заев на средбата со францускиот премиер и истакна дека земјата ги исполни сите реформски и политички очекувања, вклучувајќи ги и уставните промени за името на земјата, и дека за испорачаното земјата очекува и исполнување на ветувањето на Европскиот Совет за почеток на преговорите во октомври.

– Таквата одлука ќе биде јасна порака и за другите во регионот дека вреди да се вложува во реформите и во унапредувањето на билатералните односи во регионот, како и во регионалната соработка. Ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот – нагласи Заев.

Претседателот на Владата на Република Франција Едуар Филип, на средбата го нагласи заедничкиот интерес што го делат Франција и Македонија да работат на продлабочување на билатералните односи и на економската соработка. Францускиот премиер ја изрази поддршката за напорите за продолжување на зацртаните реформи за владеење на правото, изрази честитки за Договорот од Преспа и имплементирање на придобивките од новата добрососедска реалност што ја оствари земјата со соседите во регионот.