(ВИДЕО) ЗАЕВ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОКОТ НА СТАРТОТ НА ПАТОТ ЗА КОЧАНИ: Добро ви стојат шлемовите, до избори догодина да не ги вадите од главата!

0
1707

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид на отпочнувањето на градежните работи на делницата Крупиште – Кочани.

Делницата е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, која кога ќе биде завршена, ќе се спои со делницата Штип – Крупиште и со тоа ќе се заврши изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како една од нашите најфреквентни магистрални сообраќајни артерии.

„Источниот дел на државата бил подзаборавен и затоа токму овде имаме посебна офанзива, се работи за еден бајпас, комплетно решение на правците Три чешми-Крупиште, Крупиште – Кочани и денеска присуствуваме на презентацијата на градежните активности на патниот правец, кој е со должина од 13, 75 километри, а чиј изведувач е кинеската компанија „Синохидро““, рече премиерот Заев нагласувајќи дека се работи за исклучително важен сегмент на патната инфраструктура во Источниот регион.

Премиерот Заев на работната средба, на која присуствуваа и претставници на општините и градоначалниците на Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново – Облешево, исто така нагласи дека Владата продолжува со планирање на квалитетни проекти, како што е почетокот на тендерската постапка за изградба на браната Отиња во Штип, на ромското маало во Кочани, проекти веќе планирани со ребалансот на Буџетот.