(ВИДЕО) Заев: Граѓански марш на 11 октомври, Борбата продолжува, гласот победува

0
1285

Прес конференција
Иницијатори на Граѓански марш
З.Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 07.10.2016

Почитувани граѓани,

Борбата продолжува – гласот победува! Ова мото`не обедини нас иницијаторите на Граѓанскиот марш, за којшто денеска сме тука да го најавиме.

Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Томче Кежаровски, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Атанас Костовски, Влатко Васиљ и јас, ве повикуваме на Граѓански марш на 11 октомври, за сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака.

Граѓанската акција продолжува!

Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот!

Ја враќаме слободата!

11 октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓанскиот пркос, на народното востание, на победата.

Затоа маршот се случува на 11 октомври.

Ја потврдуваме нашата решеност да се избориме за достоинствен живот во својата земја.

Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја.

Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас.

Денес, по 75 години од основањето на партизанските одреди, нашето оружје е нашиот глас.

Тоа е гласот што вели ДА за живот во Македонија и гласот што вели НЕ за режимот.

Ве повикувам сите, поединци, здруженија, заедници, демократски политички партии, сини, шарени, црвени, од град, од село – приклучете се!

Да застанеме рамо до рамо едни до други, еднакво важни, независно од каква било различност.

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, А ГЛАСОТ ПОБЕДУВА!

Ова е мојот мотив да бидам еден од иницијаторите на маршот на 11 октомври.

Ова е мојот мотив да ги повикам сите граѓани, заедно да го прославиме празникот во вторник 11 октомви 2016, што ги најавува промените во Македонија.

Продолжува Вера, а ќе имате можност да го слушнете мотивот на сите од иницијативната група.

Знам дека и секој од вас има свој мотив и затоа, се гледаме на 11 октомври, вторник, во 14 часот.

Почнуваме на раскрсницата од булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова.

Дојдете да бидеме заедно на 11 октомври 2016, денот на маршот што ќе се памети.

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????