Дел од говор на Зоран Заев, претседател на СДСМ на собирот во Штип:
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=AU7XsMheaLs[/youtube]
Ајде овде од Штип да го прашаме Груевски. Од сето тоа што е презентирано во јавноста, од сите тие, преку 220 разговори коишто ги слушна цела Македонија и целиот свет: Никола Груевски, што од тоа е точно? Што од тоа е делумно точно? Што од тоа е неточно?
Сé е точно, почитувани граѓани. Готово е.
Нема бегање од вистината. Злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај, вистината секогаш победува. Таа е една и единствена.
Готово е Груевски. Не поминува лагата. Заврши твоето владеење.
Доаѓа времето на слобода, на демократија, на правда, во нашата Македонија.
Ова е борба на сплотен народ. Единствен и по нација и по вера и по етникум. Сите заедно сме сплотени, слободарски, против врхушката на власта. Заедно сите за исконските цели, слободата и демократијата во нашата земја.
Ајде, сите заедно, здружено, да си ги вратиме слободата и демократијата во нашата земја. Ајде сите заедно, здужено и сплотено, да бидеме горди граѓани на демократска Македонија.