(ВИДЕО) Заев во Штип: Што споделија текстилците, социјалците, пензионерите?

0
1037

sredba_Stip-640x320

Штип е град на обесправени и сиромашни текстилни работници, на корисници на социјална помош од по 1000 денари, на родители кои тагуваат по децата во странство, или кои ги гледаат своите деца како со завршени факултети седат дома. Ова се маките што ги споделија дел од граѓаните со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера заедно со членови на Извршниот одбор на партијата и претставници на општинското раководство, денот го помина во Штип.

Текстилна работничка му пријде на претсеадтелот Заев.

-Работиме и сабота и недела. Имаме многу ниски плати. Немаме 20 дена одмор како сите, туку само по 10 дена, поврзувајки овде празници и викенди. Зарем е тоа по закон? Ако застанете зад правата на работниците, како што ве гледаме дека работите, ќе ви ја довериме нашата поддршка, рече жената.

Претседателот Заев се сретна со граѓани на пазарот кои се пожалија на ниски откупни цени на родот што го одгледуваат. Со младите разговараше за причините за иселувањата. Најголемиот проблем младите го посочуваат во бесперспективноста.

Го посети и Ромското маало.

sredba_Stip5

-Какво покачување на социјалнаат помош е тоа од 5 отсто, на 1000 денари тоа е 25 денари, што можеме да направиме со тие пари, говореа луѓето таму.

Во пензионерскиот дом истото го коментираа пензионерите. Велат дека Владата не го почитува законското нивелирање на пезниите, туку само од интерес кога мора се фали со покачувања што се помали од законски предвидените и им следуваат по закон.

sredba_Stip7

-Ние затоа велиме дека решение е правично општество е решение. Богатите да плаќаат повеќе даноци, сиромашните помалку. Да се почитува законот и за пензии и за социјалната помош. Затоа предлагаме зголемување на минималната плата, зашто тоа ќе повлече спирала на покачувања на платите. Парите ќе ги вратие кон граѓаните, средна класа е решение, зборуваше претсеадтелот Заев.

Тој на собирот во населбата 13 ноември порача:

-Народот е разбуден, несреќен е, заедно можеме да се избориме, порача претсеадтелот Зоран Заев во Штип.