(Видео) Заев во Куманово: Нека одговорат, како дојдоа криминални групи во срцето на градот?

0
1338

zaevKumanovo-4-640x320

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја посети населбата во Куманово каде претходните два дена се водеа жестоки престрелки. Тој се сретна со жителите и појасни дека е дојден од повеќе причини.

Прво, да споделиме сочувство со сите оние граѓани коишто поминаа низ сите овие трауми, уште еднаш да изразиме сочувство за бранителите коишто ги изгубија животите, но секако на показ на јавноста да го покажеме сето ова кое што го гледате и преку вашите објективи, колку е уништено“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„За уште еднаш да ги отвориме дилемите, како тоа тие криминални групи дојдоа во нашата земја и допреа овде во срцето на Куманово, кадешто живее цивилно мирољубиво население, народ кој што се бори да го подобри квалитетот на својот живот.

zaevKumanovo-2

Граѓаните зборуваа денеска со нас и ни кажуваа дека полициските сили се однесувале многу внимателно и коректно со граѓаните. Навистина  штетата мора да се поправи, на она што е материјална штета. Знам дека душевната болка, чувствата и траумите низ којшто поминаа нашите сограѓани овој ден додека се случуваа борбените дејствија никој не може да им ги надомести.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=r0xpRS6Xdeo[/youtube]
И уште еднаш само ќе потврдам, јас сум горд човек, горд граѓанин на оваа земја заради тоа што го имаме овој наш народ , којшто е единствен и сплотен и заедно беше овде на браникот на татковината после безбедносните сили на Македонија. Тоа уште еднаш потврдува дека нашиот народ без разлика на својата етничка припадност, без разлика  на неговата верска определба тој е овде и има единствена цел, подобар живот подеднакво за сите нас коишто живееме во нашата Македонија“, вели Заев.

zaevKumanovo-3

„Ги видов и малите деца исплашени, ми ја покажаа и куклата, детска играчка којашто секако е преокупација на децата каде и да се наоѓаат во светот.  Оваа траума нека биде слика којашто ќе ја испрати пораката , да не се повтори никаде во светот па и во нашата Македонија. Оти овде живеат мирољубиви луѓе коишто заедно сите помогнаа, со безбедносните сили, да ситуацијата со оваа криминална група, којашто влегла длабоко во вториот по големина град во нашата земја, Куманово, да не ескалира и да не се изгубат и други човечки животи. Секако овие трауми и непоправливи штети, остануваат како симбол на времето коешто се случувало.

Сакам да изразам благодарност до граѓаните коишто се од оваа населба, благодарност до Општина Куманово, благодарност до безбедносните сили коишто водеа грижа исто така за цивилното население, но најголемата благодарност е секако за нашиот народ којшто трезвено и мудро го организираше прифаќањето на сите овие трауматични ситуации коишто се случија во нашата Македонија“, рече Заев.