(ВИДЕО) Заев во интервју за балканска Ал-Џезера ја отфрли можноста Груевски да биде дел од широка коалиција

0
2086

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс изјави дека за никого на свет, па ни за него и неговата партија не е прифатливо Никола Груевски да биде дел од широка владина коалиција.

-Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансики криминал најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата.

Ние ги повикавме сите чесни граѓани, патриоти, нивни симпатизери да ја коментираат нашата програма. Тој треба да е подготвен да премине во опозиција. Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократко предавање на власта и ништо друго, рече Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

-Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните инстиуции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на пшроцесите ја турка Македонијанемило сценарио. Време е по 10 ипол години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја, рече Заев.

Дали постои страв од такво немило сценарио и кај него лично, Заев реше дека тоа веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфикт се потребни двајца и оти дена да дозволат судир на народ со народ.