(ВИДЕО) Заев: Вложуваме во луѓето, Буџетот 2020 е развоен буџет посветен на нашиот најсилен капитал – човечкиот

0
1122

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 164 седница го утврди Буџетот на државата за 2020 година, кој заедно со Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2020 ќе биде доставен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

По тој повод, во Медија центарот на Владата, премиерот Заев и министерката за финансии одржаа прес-конференција на која информираа за детали од предложениот Буџет за 2020 година.