(ВИДЕО) Заев апелира до Села да внимава со изјавите

0
3611

„Јас секогаш изразувам негодување за изјави кои дали се дадени осмислени или лекомислени, провоцираат одреден немир кај граѓаните, без разлика од која страна доаѓа. Јас сум политичар кој верува дека на Македонија и треба процес кој ќе доведе до нормализирање на состојбите и симнување на сите грижи кои ги имаат граѓаните, а со тоа секако и да ја дефинираме иднината на Македонија.

Можам да апелирам до сите да внимаваат на изјавите, затоа што и така времето во кое живееме е економски тешко, неизвесност има кај секое семејство кај секој граѓанин и дополнителни провокации не му требаат никому. Ние сме граѓани на оваа наша земја. Можеби припаѓаме на различни етнички заедници во Македонија, но токму ние мора да водиме грижа за Република Македонија.

Затоа, еве апелирам до сите да внимаваат со изјавите. Во овој период се добредојдени изјави кои ќе не носат кон сплотување, кон обединување и нормализирање, пред се на институциите на Република Македонија, за Македонија да може да продолжи да чекори напред“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по излегувањето од распитот во ОЈО.