(ВИДЕО) Емил Димитриев со мерџото на Грујо од 600.000 евра ита накај Св.Николе ДА ГО ДОИСКРШИ по тоа ДУПКИТЕ и КАМЕЊАТА таму!

0
1909

Пред два дена јавноста и медиумите и официјално ја имаа честа да го ѕирнат, да го допрат и да се „запознаат“ со фамозниот мерцедес од 600 000 евра кој сакал или не, на крај, екс премиерот Никола Груевски призна дека го купил, но не како што се тврдеше за тој да се вози во него, туку за странски гости.

IMG_82871-670x446

Очигледно тој што бараше луксузен автомобил со климатизер на секое седиште, масажери, сараунди, и телевизори, не претпоставувал дека можеби еден ден истиот тој фантазиски автомобил ќе заврши во некоја гаража со мачкини стапки врз него, запуштен и неодржуван.

При прикажувањето пред јавноста, министерот Спасовски рече дека Мерцедесот неколкупати возел на релација Пробиштип-Скопје, но не сакаше да открие дали бил користен од доскорешниот технички премиер Емил Димитриев или, пак, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најмногу што боли е тоа што полицајците во Република Македонија немаат униформи, немаат возила да ги извршуваат своите работи, меѓутоа ова министерство имаше храброст да купи возило од 600 илјади евра за тогашниот нивен премиер, Никола Груевски, по специјална нарачка – со сараунд систем, клима, монитори на задните седишта итн“, изјави Спасовски.

И додека Груевски тврдеше дека мерцедедесот ќе вози само странски гости во земјава, во видеото кое директно било пратено до редакцијата на порталот „Фактор“, се гледа дека мерцедесот се вози по новиот автопат Велес – Свети Николе, а споредувајќи ги табличките се заклучива дека регистрациите од мерцедесот кој што го покажа министерот Оливер Спасовски се поклопуваат со оние од видеото.

Прашањето сега е: Кој се возеше во мерцедесот на 24 март по автопатот кај Лозово?

Претпоставки се дека во Мерцедесот тогаш се возел техничкиот премиер Емил Димитриев, кој речиси секој ден патуваше на релација Пробиштип-Скопје и обратно (Димитриев живее во Прибиштип) пропратен со две полициски возила, а ако се земат предвид последните изјави на министерот за внатрешни работи дека мерцедесот е возен на таа релација, и пишувањата на медиумите дека блиндираниот мерцедес често се користи и во „случаи кога поради амортизираност и застареност на блиндираните возила со кои се превезуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот“ не можат да одговорат на безбедносните стандарди и Уредбата за обезбедување на личности и објекти, тогаш претпоставувањата се веројатно точни.

Видео – Фактор