(ВИДЕО) Елизабета Николовска: Додека Талевски е во притвор, ВМРО-ДПМНЕ бара нова коруптивна зделка за превозот

0
1280

Изјава за медиуми на претседателката на комисијата за образование при О.О СДСМ Битола, Елизабета Николовска.144

Заменик министерот на ВМРО-ДПМНЕ, кадар на осомничениот Никола Груевски, излажа дека се е подготвено за старт на новата учебна година, а во Битола уште нема тендер за превоз. Секој нов училишен ден вади на виделина најмалку по една лага на ВМРО-ДПМНЕ во образованието.

Распадот на образовниот систем е една од причините зошто младите бегаат од земјава.

Криминалот и корупцијата го смести градоначалникот Владе Талески во притвор. Причина беше токму предметот со најскапиот транспорт на учениците во светот. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ има само две опции за решавање на превозот на ученици во Битола – или со корупција или никако.

Додека Талевски е во притвор, ВМРО-ДПМНЕ бара нова коруптивна зделка за превозот. Сега сакаат да го наметне преку средното техничко училиште Ѓорги Наумов. Спремни се да жртвуваат уште некого во притвор, само за да стават пари в џеб. За среќа, сите се веќе свесни во Битола и во Македонија за криминалот на партијата на Никола Груевски, па и родителите, и Наставничкиот совет и Училишниот одбор на Ѓорги Наумов се проитиват на оваа незаконска одлука.

Поради скандалиле со превозот на учениците во Битола, најголем дел од училиштата завршија со блокирани сметки. Целокупното функционирање на училиштата е загрозено.

Без превоз, се проблематизира доаѓањето на учениците од поодалечените делови.

Согласно законските одредби, тендерот за превоз на учениците треба да биде објавен најмалку 50 дена пред почетокот на учебната година.

За да не ескалира состојбата и да не се доведе во прашање образовниот процес во Битола бараме надлежностите од локална самоуправа да ги изврши Владата преку надлежно министерство.