(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ВЕРУВАТЕ НА МОНСТРУМ АНТИВАКСЕР И НА БАБА РАДА ВО МАШКА ВЕРЗИЈА : Македонец умрел поради надрилекарот Мирољуб Петровиќ откако предложил да се лекува од тумор со масажа по главата и со овошје!

0
1798

Триесет и едногодишниот Славчо Петров, кој боледувал од тумор на мозокот, починал на 7 јануари годинава, бидејќи се лекувал само според советите на надрилекарот, кој некои македонски медиуми го прикажуваа како политички аналитичар Мирољуб Петровиќ.

Според естрата на Славчо, Билјана Јовановиќ (32) за неговата смрт го обвинува српскиот надрилекар, кој им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата тинктура ќе му биде подобро.

Кога Славчо починал, целата вина за неговата смрт ја префрлил на семејството. Ова во утринската програма на една српска телевизија го тврди Јовановиќ која се соочи со лажниот лекар.

Јовановиќ пред камерите изјави дека безгранично му верувала на Петровиќ, како и дека веднаш по дијагнозата на нејзиниот брат му пишала мејл. Тој им препорачал 30 дена цедени сокови и неговата тинктура.

Во март минатата година докторите во Македонија му откриле тумор на мозок, кој, според Јовановиќ, бил на недостапно место тежок за операција, а првите сознанија биле дека е бинигнен. Операција била можна само во странство, но бидејќи немале пари, решиле да му се обратат на контроверзниот Петровиќ, кој со години оди низ Србија и држи предавања против традиционалната медицина, убедувајќи ги луѓето да се лекуваат со тревки и да се молат на Господ. Тој своите услуги ги наплаќал, па така секој совет за Билјана значеле нови од 50-до 120 евра.

Лековерните Македонци, на почеток му поверувале, посебно сестрата Билјана која живее во Крушевац, бидејќи Славчо се чувствувал подобро од разни сокови и тинктури, но по неколку недели паднал во агонија.

Сестрата на починатото момче во српските медиуми ги објави пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема потреба да одат на лекар.

Само неколку дена по смртта на Славчо Петров, неговата сестра гостуваше во утринска програма на Прва тв, заедно со надрилекарот Петровиќ, каде ја раскажа нејзината приказна, покрај сѐ, сѐ уште нарекувајќи го лажниот лекар- доктор Петровиќ.

Неверојатно е што и новинарот му се обраќа со доктор Петровиќ.

На нејзините обвинувања, тој реагираше со зборовите ,,буздованка од Македонија, облечена како проститутка“.

Против Мирољуб Петровиќ, кој воопшто нема завршено медицина, веќе е поднесена кривична пријава за лажно претставување и ширење пропаганда за невакцинирање. Овој човек смета дека жените се само машини за раѓање, со нив треба само со рака преку уста, тој смета дека наркоманите и дилерите треба да се убијат… Неверојатно е што овој шарлатан има своја емисија, држи предавања и дава онлајн совети.

Како што дознава „Блиц“, овој самопрогласен доктор, е познат по шарлатанството. Тој убедувал многу луѓе наместо на доктор, да доаѓаат во неговиот центар, каде дебело им ги наплаќал „лекувањата од рак“.