(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ТРЕБА СО ЛОПОВЕ И АПАШИ – Милошоски : Првиот човек на ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица доби кривична пријава

0
1594

Прес конференција, Ивица Милошоски, портпарол на ОО СДСМ Македонска Каменица

Почитувани сограѓани,

Сакаме да Ве информираме дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 пријавениот, како директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, А.Д. спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа, тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки.

Почитувани,

Ова, само го потврдува недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕво сите изминати години наназад?

Дали, наместо да работат на подобрување на условите за настава, работа и престој на учениците и вработените  во ООУ „Свети Кирил и Методиј“, тие, на чело со тогашниот директор на училиштето и сегашен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДМПНЕ во Македонска Каменица, работеле и мислеле само на сопствените џебови? Наместо реновирано училиште, ние затекнавме целосно руиниран и несоодветно одржуван објект. Од преплатените рекламии високоплатените проекти, нема ни трага.

Сакаме да истакнеме дека, со смената на локалната и доаѓањето на власт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како опција која работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани, за само 18 месеци успеавме, за првпат после 35 години, целосно да ја реконструираме надворешната столарија  од долниот кат на училиштето. Остатокот од столаријата ќе биде заменета веднаш после поставувањето на новиот систем за парно греење во училиштето. Проект кој е во завршна фаза и ќе профункционира со почетокот на грејната сезона.

Спроведовме постапка за избор на најповолен изведувач за реконструкција на Спортската сала во училиштето, која ќе заврши до крајот на 2019 година. Опремивме повеќе кабинети во училиштето со средства и помагала за подобрено следење на наставата, како и замена на стариот дотраен инвентар со нов.

Почитувани,

Штетите и погубните политики од владеењето на ВМРО ДПМНЕ се огромни. Тука се и нарушените меѓучовечки односи, поделеноста на општеството и дискриминацијата на граѓаните по разни основи.

Мораме да се потсетиме каква системска тортура беше вршена врз вработените во јавниот и приватниот сектор, со кој граѓаните на Македонска Каменица се соочуваа години наназад.
Правото на глас, правото на различно мислење и правото на избор, за голем број на граѓани беа само мисловна именка!

Сите бевме само изброен глас!

Секој граѓанин за нив беше само бројка!

Почитувани,

Нема повеќе амнестија за никого!

Нема повеќе пазарења со правдата!

Нема штитење на криминал за партиски и лични цели!

Остануваме на ветувањето дадено пред Вас граѓаните дека, ќе имаправо и правда за сите!

Законот мора да важи за сите!

Секој што се огрешил пред законот мора да одговара за сторениоткриминал!

Ви благодарам!