(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ,,РАБОТИ” МВРО-ВМРО НА ЧАВКОВ : Сообраќаен полицаец, во униформа, лока и пие алкохол во кафеана во Кр.Паланка

0
1700

Јонче Јакимовски, сообраќаен полицаец од П.С Крива Паланка.

Кривопаланчани го знаат како човек кој многу често знае на работното место да биде во алкохолизирана состојба, бидејки како што самиот вели, никој ништо не му може.

11880338_723400471121061_7636641976314583869_n

Секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, тој е сообраќаен полицаец. И во периодот 1998-2002 и од 2006 па се до ден денес.

Најверојатно, блиските роднински врски со поранешниот градоначалник на општина Ранковце и сегашен раководител на подрачната едница на УЈП во Кр.Паланка, се причина овој полициски службеник да ги ужива овие привилегии.

11870747_723400304454411_481813928986488203_n

Еве до каде е дојдена состојбата во П.С Крива Паланка, да сообраќајни полицијци конзумираат алкохол по партиски штабови и кафеани во униформа и никој од нив да не сноси одговорност. Напротив, истите тие вршат алкотест на останатите учесници во сообраќајот.

Прашуваме: Каде е внатрешната контрола во МВР и дали и после вакви несоборливи докази ќе продолжи да биде глува и понатаму ќе ги остават овие полицaјци да ја брукаат службата и продолжат да бидат дел од сообраќајната полиција?

[youtube height=”500T” width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=34yrCPuUgeo&feature=youtu.be[/youtube]