(ВИДЕО) Другарчето на Грујо и кум Ставре, Субрата Рој излегува од затвор, индијците го обричиле и го направиле ЛУСТЕР

0
1302

Ќелав, без препознатливите мустаќи, облечен во традиционална индиска облека наместо во палтата без ракави кои беа негов заштитен знак. Контроверзниот бизнисмен, Субрата Рој, повторно е во центарот на вниманието на индиските медиуми откако по повеќе од две години минати зад решетки, излезе од затворот Тихар, пренесува Телма.


subrata stavrevski

Врховниот суд привремено го ослободи за да присуствува на погребот на неговата мајка. Првичната четиринеделна условна слобода е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари.

Истите правила важат и за еден од директорите во неговата компанија „Сахара груп“, Ашок Рој Чудари, со кого заедно издржуваа затворска казна.

Според пишувањата на индиските медиуми, Субрата Рој нема да се врати во затвор со оглед на тоа што сумата за кауција е значително намалена од првичените над 880 милиони долари и не претсатавува проблем за човек со неговата финансиска моќ.

Додека битката на Субрата Рој со индиското судство продолжува, дел од неговите фирми во земјава и натаму функционираат.

Според сознанијата до кои дојде Телма, на дел од вработените во компанијата „Сахара глобал“ им било соопштено дека Индиецот целосно се откажува од бизнис претензиите во Македонија и дека престануваат со работа.

Screenshot_26

Се обидовме да стапиме во контакт со компанијата, но на домофонот на станот во Центарот на Скопје, во кој е сместена „Сахара Глобал“, попладнево не одговараше никој.

Претходно во телефонски разговор ги отфрлија информациите дека фирмата е затворена.

Субрата Рој беше еден од бизнис адутите на Владата на Никола Груевски. Индискиот милијардер од државата го доби на користење земјиштето на пропаднатиот агрокомбинат „Џумајлија“.

Ветуваше дека таму ќе инвестира 211 милиони евра во млакарници, фарми и други капацитети, како и дека ќе донесе 20.000 молзни крави од Холандија. Проектот не се реализираше.

subrata_preporeden1-670x456

Претставниците на „Сахара груп“ донесоа механизација единствено за пред камери да ги изораат првите бразди во присуство на високи претставници на власта, а потоа целосно го запуштија државното земјиште.

Откако Рој заврши во затвор, државата го раскина договорот со неговата фирма.

Во моментов половина од атрактивното земјиште е дадено на користење на две велешки фирми, „Агриа“ и „Уни Агро“, а за остатокот постапката за доделување под концесија е во тек.