(ВИДЕО) ДРАГАН СПАСОВ ДАЦ ЖЕСТОКО РАСПАЛИ ПО РЕЖИМОТ НА ГРУЈО : Сакаа да го приведат син ми затоа што учествува во Шарената револуција!

0
1591

dacГотово е Груевски, пикнат си во ќош со симнати пантолони и се чека денот кога ќе се наведнеш, рече пред демонстрантите актерот Драган Спасов – Дац, пренесе А1он.

– Јас сум Драган Спасов-Дац и сум хулиган. Горд сум што што сум тука и што гледам секој ден на улиците слободоумни луѓе. Утрово сакаа да го приведат син ми, зашто учествува во Шарената револуција. Да беше дома, сега ќе беше во притвор. Чавков, мојот син не се плаши. Ниту овие луѓе. Не нарекуваат секташи, хулигани, зашто им гори под нозете, рече Дац кој им порача на граѓаните повеќе да не се плашат.

Видеото од говорот на Дац може да го погледнете ОВДЕ