(ВИДЕО) ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН: ПО 28 ГОДИНИ РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА, ЌЕ СЕ ВИКАМЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СО ПРЕВОД НА СИТЕ ЈАЗИЦИ, СО ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ!

0
1274

Имаме историско, вековно решение, рече премиерот Заев на денешната прес конференција.

– Решаваме 25-годишен спор кој ја влечеше земјата надолу. Со решение го јакнеме македонскиот идентитет. Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, зајакнати, заштитени, еднаш засекогаш. Нема веќе ФИРОМ и меѓународни договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Решението е Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, со амандман во Уставот. Потврда на македонскиот јазик во Обединетите нации. Националноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија. Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia.

Тој најави референдум на есен, а претходно дека очекува покана за прием во НАТО и датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– Почитувани граѓани, ова е вистинското решение! До него стигнавме преку посветен и патриотски ангажман. Сите детали се пред очите на јавноста, а гласот на граѓаните е конечен. Како што ветивме, договорот гарантира дека на есен ќе има референдум. Граѓаните ќе одлучат за иднината!