(ВИДЕО) ДОДЕКА ДУИ ОДРАБОТУВА ЗА ВМРО-ДПМНЕ ЗИЈАДИН СЕЛА ГО ГЛЕДА СВОЈОТ ИНТЕРЕС И СО ЛУДИ ИЗЈАВИ ЈА ДОЗАКОПУВА ДРЖАВАТА ВО УШТЕ ПОГОЛЕМА КРИЗА ГУБЕЈЌИ ДРАГОЦЕНО ВРЕМЕ – Села: Ќе му дадеме потписи на Заев, но тоа не значи и поддршка за Влада?!?!

0
2154

Парламентарните партии на албанците дебатираа за декларацијата на албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите, рече лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, пренесе А1он.

– Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за Албански јазик. Закон ќе предлага ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците, рече Села.

Тој кажа дека ставовите се јасни дека потписи за мандат на Заев ќе ги дадат, но тоа не значи и поддршка за Влада.

Македонските партии прават нестабилност, за тоа обратете се кај нив, Албанците никогаш не сакале да земат нешто од Македонија, кажа Села.

Тој смета дека треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.

– Ова е неприфатливо од македонските партии, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот, рече Села.

Видео – А1он