(ВИДЕО) Димитров: Ни требаше ваков бокс за да се разбудиме

0
1305

Вие го браните уставот од претседателот. Вчера читав, шестотини евра казна за тиа што ќе го навредат претседателот, сакам да прашам кој претседател, на што претседател? Дали е претседател на Македонија или претседател на криминалот? Кој ќе ја плати навредата што он ни ја направи, не тресна од земја како нација. За историски скандал како што не сме имале од 1991 година, тој целата политичка класа сакаше да ја направи недопирлива. Тој на идната генерација и порача деца станете политичари и правете што сакате. Тој не стави на светскиот столб на срамот, рече Никола Димитров пред Владата, пренесе А1он.

– Не е доволно да си ја повлечеш таа аболиција, па уште на рати. А знаете зошто ја повлече? Заради вас. Знаете зошто странците помагаат? Заради вас. Јас ги прашав, добро ќе не оставите ли да пропадне, да стане земја каде нема правда, они велат ние не можеме да ја сакаме Македонија повеќе од вас. Каде сте? Еве сме. Претседател на срамот. Изгледа ни требаше ваков бокс, да се разбудиме, да гледаме напред да размислиме каква Македонија сакаме. Сакаме да има ред и закон, или сакаме неправда и криминал? Сакаме да има слугување или сакаме да има слобода? Сакаме да има граѓани или сакаме слуги, рече Димитров пред демонстрантите.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ