(ВИДЕО) Димитриевски: Криминална власт ја колабираше одбраната, повторно се кратат пари

0
1268

383Со новиот ребаланс на Буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно крати пари предвидени за одбраната, oд 2006 година до денеска власта на Груевски во континуитет ги крати средствата за одбраната со што го намалува одбранбениот капацитет на земјава, рече на денешната пресконфренција Максим Димитриевски, член на Извршен одбор и претседател на Комисија за одбрана на СДСМ.

– Условите за работа на припадниците на АРМ ги доведе на дното, под секое човечко достоинство. Каде се помпезно најавените инвестиции во модернизација на одбраната од 300 милјони евра? Ги нема. Затоа Јолевски и Димитриев молчат.  Ги нема ниту ветените 5% покачување на платите за војниците. Професионалниот војник во Македонија денеска има основна плата од само 16.345 денари, далеку под државниот просек од 22.000 денари. Криминалната власт се уште ги нема исплатено ниту дневниците на професионалците во АРМ за месец април. Војниците заборавија кога последен пат зеле пари за патни и дневни трошоци. Веќе единаесетта година се чекаат ветените станови за припадниците на АРМ. Преродбеничкиот проект АРМ мојот вистински дом пропадна, војниците останаа без станови – рече Димитриевски.

Тој рече и дека во континуитет се случуваат масовни кадровски чистки во одбраната и армијата најчесто политички мотивирани, а припадниците на АРМ со надчовечки напори се обидуваат непречено да ги извршуваат сопствените задачи.

– Со една реченица, власта на Груевски ја колабираше одбраната на РМ и го сруши достоинството на професионалните војници и старешини. По демократските промени и победата на СДСМ, новата одговорна власт ќе спроведе суштински реформи во одбраната. Македонија ќе го врати достоинството на професионалнците ќе биде подготвена да се соочи со безбедносните регионални и глобални ризици. Никогаш повеќе нема да се случи парите да се трошат на камена и бронзена фаланга а живите војници едвај да преживуваат. Армијата целосно ќе се деполитизира. Системот за напредување во кариера повторно ќе профункционира во интерес на професионалците, војници, Армијата и граѓаните – порача Димитриевски.