(ВИДЕО) Димитриевски: Институциите навремено да реагираат во Стајковци

0
1209

Ја користам оваа прилика да апелирам до сите надлежни институции, на локално и централно ниво да реагираат, своевремено да делуваат превентивно и да ги спречат евентуалните последици од ваквите врнежи коишто во овој период се вообичаени, рече на денешната пресконференција Максим Димитриевски член на ИО на СДСМ.%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d1%81%d0%b8%d0%bc0911

– Морам да напоменам дека и покрај изминатите три месеци од она што се случи, и не посакуваме никогаш повеќе да ни се случи во државата, повторно се наоѓаме во состојба каде што државата ја нема, не реагира соодветно и партизираните институции кои што имаат надлежност директно да се справуваат со ваквите кризи и превентивно да делуваат, се неми и селективни. Тоа значи дека граѓаните на општина Гази Баба, населеното место Стајковци и регионот, повторно се оставени самите на себеси да се справуваат со ваквите евентуални елементарни непогоди коишто можат да бидат резултат на неодговорното однесување на централната власт, поради тоа што се уште каналите за одвод на ваквите води не се исчистени и граѓаните се принудени да импровизираат – рече Димитриевски.

Воедно би сакал да напоменам, додаде тој, дека и покрај тоа што 33-те милиони евра кои што оваа влада ги зеде како позајмица, се уште не се реализирани во делот на обештетување на населението коешто беше погодено од оваа елементарна непогода.