(ВИДЕО) Дескоска: Однесувањето на Најденовска ги чини граѓаните околу 234.000 евра

0
1034

Screenshot_17Досегашното арбитрерно однесување на госпоѓа Најденовска изнесува околу 234.000 граѓански пари, рече пратеничката од СДСМ Рената Дескоска во однос на поднесената интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска на 103-та седница во Собранието на Македонија.

– Ние, пратениците на СДСМ и коалицијата поднесовме Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за образование, спорт и наука, проф. д-р Олга Најденовска, поради нејзиното арбитрарно работење и непочитување на Деловникот при водење на седниците на Комисијата. Госпоѓа Најденовска во изминатиот период ја доведе во целосен хаос Комисијата за образование, спорт и наука. Комисијата е втурната во процедурален хаос и наликува на хајд парк, во кој не се знае кој јаде, кој пие, кој за што пишува, кој покажува непристрасни потези, ама се знае дека цехот го плаќаат граѓаните. А цехот е голем. Според информациите на собраниските служби, објавени во еден дневен весник на 25 февруари годинава, една собраниска седница на Комисија чини 6.000 евра. Тогаш досегашното арбитрерно однесување на госпоѓа Најденовска изнесува околу 234.000 граѓански пари, дадени за непродуктивни трошоци и седници кои се водат вон Деловник и за кои однапред се знае дека не водат никаде – рече Дескоска.

Според неа, Најденовска е само еден мал минорен пример за хаотичното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и за злоупотребите на груевизмот.

– Нам ни е јасно дека нејзиното однесување е резултат на лошите проценки и хаосот во кој се наоѓа врхушката на власт. Но, исто така и дека продолжувањето на оваа бескрајна приказна е резултат на немањето проценка на оние кои одлучуваат во партијата на власт кога треба да се каже доста. Она што се случува во Комисијата на образование, спорт и наука е жалосна слика на она што се случува на глобално ниво, на ниво на политичкиот систем на Македонија. Нашата пратеничка група во повеќе наврати бараше госпоѓа Најденовска да закаже јавна расправа за состојбите во образованието. Неделовничкото и хаотично раководење на седницата ми носат сомнежи во искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да го формира најавуваниот универзитет. Ако сакаа да го формираат имаа многу елегантно решение да се усогласеа со Деловникот и да ја почнеа постапката од почеток – рече Дескоска.

Таа нагласи дека Деловникот не постои за да се користи како лепеза кога е жешко.

– Деловникот постои за да ги врзе рацете на апсолутистички настроените мнозинства. Но, наспроти ова мнозинството продолжува да го крши Деловникот. Го направи тоа со формирањето на Комисијата за импичмент за што се обративме и до господинот Вељановски, но тој не превзема ништо да го заштити Деловникот. Да бидам искрена, не ни очекувавме од него таква активност, особено што тој во официјален документ е потврден прекршител не само на Деловникот, туку и на Уставот. Тој самиот во скоро време го скрши Деловникот со тоа што не закажа пратенички прашања онака како што е предвидено во последниот четврток од месец мај. Циркус „Медрано“ не ви е рамен. Производ на груевизмот е поданичка политичка култура. Поданичкиот менталитет наметнат со страв и уцени од една страна, со награди и купување човечки души од друга страна и со гола пропаганда од трета страна. Затоа штетите од груевизмот на подолг рок ги затвораат перспективите во догледно време да се воспостави владеење на правото – рече Дескоска.