(ВИДЕО) Десковска: Најавата за први обвиненија од СЈО создава паника во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и токму денешното на Влатко Ѓорчев е доказ за тоа!

0
1324

Денешниот театар на ВМРО-ДПМНЕ е уште една потврда за стравот на Никола Груевски да се соочи со одговорноста за криминалите за кои слушнавме во Проектот Вистината за Македонија.

Од моментот на формирање на Специјалното јавно обвинителство ВМРО-ДПМНЕ прави се работата на оваа нова независна институција да биде во целост опструирана и оневозможена, со цел да избега од одговорноста.

Очигледно е дека најавата за први обвиненија содржана во Извештајот на Специјалното обвинителство создава паника во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и токму денешното поведение на претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците г. Ѓорчев е доказ за тоа.

Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ и нема намера да дебатира по извештајот на Специјалното јавно обвинителство.

Потврда за тоа е и досегашната пракса на ВМРО ДПМНЕ, согласно која извештаите од јавните обвинители никогаш не се разгледувани во изминативе години. Разгледувани се само извештаите на Советот на јавни обвинители, но не и на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Значи, при исти законски обврски на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски да доставуваат извештај за својата работа во Собранието, г. Ѓорчев за денес закажа седница за Извештајот на Специјалното јавно обвинителство кое го добивме на 15 март оваа година, а сеуште нема закажано седница за Извештајот на г. Марко Зврлевски доставен на 23 јуни минатата година.

Ставот на СДСМ е дека за двата извештаи оваа Комисија и Собранието треба да расправаат.
Интегрален текст