(ВИДЕО) Дерала: Ќе барам оштета за ова одвратно чувство што го имам денеска

0
1237

derala 11

Џабир Дерала од невладината „Цивил“, е еден од претставниците на невладиниот сектор кој денеска доби папка со CD каде се наоѓаат разговорите кои ги водел додека бил прислушуван од Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој вели дека ќе преземе мерки за да се задоволи правдата и ќе бара отштета за одвратното чувство кое го има откако дозна дека бил прислушуван, пренесе А1он.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=lDvdlTxamwI[/youtube]

-Се чувствувам силувано, повредено, гневно и разочарно, не затоа што ова CD во ранец го добив на оваа прес конференција, туку затоа што знам дека се уште огромен материјал, истиот овој или повеќе од ова, се наоѓа во рацете на оние кои толку многу му згрешија на ова општество и оваа земја. Тоа ме прави детерминиран да продолжам да го правам тоа што го правам и уште еднаш ми се потврди чувството дека сум на вистинскиот пат, на страната на човековите права и слободи – изјави Дерала.

Видео – А1он