(ВИДЕО) Демохристијанскиот РЕЖИМ е брутален и немилосрден: Социјалец треба да плати казна од 2.350 евра за половина кубик дрва

0
1126

damar 6

Социјалец за половина кубик нелегални дрва, треба да плати казна на државата од 2350 евра плус судските трошоци. Оваа пресуда го „изгоре“ 70-годишниот Демир од Делчево, пренесува Тв Стар.

„Јас на тројца луѓе порашав половина кубик дрва, тие беа оставени кај сијалицата горе и јас ги симнав и сабајлето ги сечев и дојде полиција ми ги зеде дрвата“, рече Демир Мемедов.

Судот пресудил по законот, ама Демир кој има минимални примања и живее сам нема од кај да ја плати казната.

„Од дека ќе ги платам. Ќе останам гладен од дека ќе платам 2350 евра“, рече Мемедов.

Очаен и без пари, тој ја почитува процедурата и поднесе жалба на пресудата, но и испраќа апел до надлежните да не и ја земаат душата на сиромаштијата.

„Ги замолувам сите да ги прекинат тие казни немам ни магаре ни трактор ништо немам, не сум фирма“, рече Мемедов.

Од Шумската полиција информираат дека дрвата во дворот на Демир биле без документ и нелегални, а нив ги забележала полицијата, која пријавила во шумската полиција која постапила според законските одредби.

Во Делчево, како Демир има уште 30 ина семејства на кои им се одземени нелегални дрва од дворот и кои како дрвокрадци биле изнесени на суд.Сите се соочуваат со драконските казни.