(ВИДЕО) Демири: Не разделија етнички за да се тепаме и партиски за да се богатат

0
1076

Со тоа му доаѓа дека јас го носам факелот на слободата, аманетот и апелот кој што доаѓа од Судот, за кој ќе треба да чекаме до понеделник да распламти повторно и тука да го додадеме на нашето огниште кое што треба да пламти со многу слобода, рече пред демонстрантите Мариглен Демири, пренесе А1он.

– Без демократија нема слобода, но без социјална правда нема демократија, нема љубов, нема слобода, нема соништа, ни ги укинаа соништата. Сакам да упатам апел до моите другари, особено до оние кои што доаѓаат од внатрешноста до Скопје само за да прошетаат, како што некои богаташи шетаат до Париз, Лондон, Њу Јорк. Другари вмровци, овие гниди не закрвија, направија една визуелна оптика чудна, смешна со која не разделија сите. Не разледија етнички, па мора да се тепаме, не разделија партиски за да се богатат, рече Демири.

Видео : А1он