(ВИДЕО) ДАЛИ ДОЛГОТО РАЧЕ НА БАТЕ САШЕ СЕУШТЕ НЕМА УСУЛ ОД БРЦАЊЕ ВО НАРОДНИТЕ ПАРИ?! Од Скопје до Прага преку Будимпешта, па кон источниот дел од Европската Унија водат трагите за набавката на системот од над 4 милони евра во ЕЛЕМ!

0
2185

Од Скопје до Прага преку Будимпешта. Кон источниот дел од Европската Унија водат трагите за набавката на ЕРП системот за што СЈО ја отвори истрагата Тарифа во која за злоупотреба се осомничени 7 активни и поранешни менаџери и вработени во ЕЛЕМ.tenk_0

СЈО смета дека зделката ја добил конзорциум кој првин не доставил комплетна документација, но поради постапките на менаџерите од ЕЛЕМ, конзорциумот за сума од 4 милиони и 92 илјади евра (4.092.420 евра) успеал да го добие тендерот за набавка на системот, пренесува Телма.

СЈО во своето соопштение наведува дека победникот покрај повластувањата не се придржувал до тендерските услови, односно набавувал модул преку други правни лица и за приклучувањето на тој модул дополнително наплатил околу 17 илјади евра. Исто така менаџерите во ЕЛЕМ пред 7 години додека се одвивало вградувањето на системот со своите потписи предвремено одобриле исплата на пари за лиценци со што направиле штета од над 450 илјади евра (456.560 евра), тврди СЈО.

Доказите кои досега се откриени според СЈО велат дека за системот се исплатени 3 милиони и 700-тини илјади евра, а тој досега не е комплетно имплементиран иако крајниот рок за целосна имплементација на ЕРП-системот бил февруари 2013-та.

ЕРП инаку е кратенка од „Систем за планирање на ресурсите во компаниите“ наменет е за информатично управување со деловните процеси во една компанија и служи за автоматизирање на процесите кои не се видливи за клиентите.

Во 2009-та година во интерес на клиентите ЕЛЕМ одлучува да отпочне консултации за таква набавка и според нивната годишна програма со воведник на тогашниот директор Влатко Чинговски објавува дека за тоа е избрана фирмата Виалто консалтинг од Будимпешта. Но, на сајтот на унгарската компанија Виалто стои друга информација дека тие не биле само консултанти туку дека тие за потребите на ЕЛЕМ во период од 2009-та до 2012-та година изготвиле проект: Техничка спецификација за софтверски пакет на деловни апликации. Во тоа спаѓало и имплементација на 14 информатички системи.

Од друга страна тендерот пак ЕЛЕМ го доделило малку подалеку од Будимпешта, на конзорциумот предводен од чешки НЕСС во кој имало една македонска и две бугарски фирми. Како од НЕСС во Прага, проектот со ЕРП системот за подобри услуги и подобра работа на ЕЛЕМ завршил во унгарски раце, засега е дел од истрагата Тарифа според која проектот уште не е целосно завршен за што ги гони и седумте менаџери од ЕЛЕМ. НЕСС по оваа зделка со ЕЛЕМ во 2014-та добива уште една вредна над 150 илјади евра.

Не е анeкс на набавка, но многу слично ЕЛЕМ од чешката фирма барала дополнителни услуги за ЕРП системот иако една година претходно таа работа требало да биде завршена. Пред Тарифа ЕРП системот на ЕЛЕМ беше дел и од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ за 2014-та, тогаш партијата се пофали дека компанијата го имплементира системот за посупешна работа.

Досега од ЕЛЕМ нема реакција за Тарифа.