ВИДЕО: Грујчето само за избори ни иде, кога ги фрламе праските никаде го нема

0
1304

rosoman pr

Овоштарите од Росоманско маки мачат со пласманот на праските. Нивната лоша земјоделска година продолжува. Прво им измрзнаа, па град ги удри праските и лозјата и на крајот ем помал род ем нема пласман. Цената е катастрофално ниска, трговците ги уценуваат, а владата никаде ја нема, пренесува Бриф.

– Состојбата е катастрофа, нема пласман, нема ништо. Праската е катастрофа, 8 денари, патлиџанитe 5 денари, бостанот 2 денари. Нема ништо, само се чукаат во гради. земјоделецот е на нула, скроз, утепан. На кого да се жалиме, „Грујчето“ иде само за избори кога му требаат гласачи инакаку никој пат не е дојден, да рече чекај да видиме што е – вели земјоделец од Росоман.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=kJs_X35QVvQ[/youtube]

Исти се изјавите и на останатите земјоделци, без разлика дали продаваат праски, грозје, сливи или пиперки. Незаштитени од државата, без ладилници, со скапи репрпматеријали, така се препуштени на самоволието на трговците и откупувачите.

Видео – Бриф