(ВИДЕО) Грујо е толку побркан што веќе не знае што зборува: Според неговата математика 5.800+7.150=19.000?!

0
1326

Grujo 4

Вчера премиерот Никола Груевски гостуваше во Дневникот на Сител телевизија каде во долго интервју се фалеше за својата работа.

На самиот почеток Груевски сакаше да се пофали за новите вработувања, но се збуни, и ја „утна“ математичката пресметка.

По првичната грешка, тој погледна во листовите кои ги носеше со себе и се потсети, па кажа дека досега во 2015 се вработиле 5.800 луѓе во странските инвестиции, а  7.150 преку проектот Македонија вработува.

Збирот на овие две бројки (5.800+7.150), според Груевски е 19.000, а не 12.950, колку што вели пресметката според основните математички правила кои се учат во основно училиште.

Оваа грешка, или забуна не ја забележа ниту новинарката Славица Арсова која го водеше интервјуто, или пак можеби ја забележа но не сакаше да му упаѓа во збор на премиерот.