(ВИДЕО) Груевски тивко ги одмина новинарите во Пржино

0
1269

Screenshot_53

Премиерот, Никола Груевски, прв од партиските лидери ќе се сретне со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој денеска пристигна во Македонија, пренесе А1он.

Пред да влезе во резиденцијата на ЕУ во Пржино, тој тивко ги одмина новинарите без да одговори на нивните прашања.

Во придружба на Груевски е министерот за надворешни работи, Никола Поповски. По него, Хан ќе има средба со останатите партиски лидери. Последната е со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по што ќе следи групна средба.

Видеото ОВДЕ