(ВИДЕО) Гошев: Сите да излезат на големи протести против џелатите на Уставот

0
1191

gosev-685x320

Сакам да ја поддржам јавноста која што е згрозена од оваа експозитура на злостроничкото здружение, вели Петар Гошев поранешен гувернер и министер, кој денеска протестираше пред Уставниот суд, пренесува „А1он“.

– Ова не е Уставен суд, ова е експозитура на злосторничко здружение, овие се џелати на правдата. Да се носи таква одлука, во момент кога е јасно дека со фалисификати се одржуваат власт, тоа е вистинска срамота. Мислам дека повеќе луѓе мора да протестираат, да се соберат и да им кажат на овие апаши во РМ дека не може на овој начин да се управува. Не може со секојдневни лаги, со поттикнување меѓуетнички конфликти да се опстојува на власт. Тие ги рушат темелите на Република Македонија, рече Гошев на протестот пред Уставен суд.

Според Гошев, потребен е голем протест и голема енергија да се вложи за да се смени власта.

– А овие луѓе што го претставуваат Уставниот суд треба да се срамат и нив ќе има заврши функцијата и треба да се прашаат што ќе се слуши со нивните деца, рече Гошев.

Повеќе од ВИДЕОТО ОВДЕ